Македонија
19. August 2018 - 21:50

Сообраќајна несреќа во Аеродром: Излета моторциклист

Нова сообраќајна несреќа во скопската населба Аеродром, пренесува „Независен“.

Моторциклист излета од коловозот на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ кај Железничката станица, но, за среќа, барем според првичните информации, е  надвор од животна опасност.

Брзата помош му укажа помош, а од голема помош е и тоа што носел шлем.