Македонија
6. November 2017 - 14:03

Сообраќајна несреќа кај Велес: Го усмртил и побегнал, полицијата трага по возачот

Во 21 часот синоќа на магистралниот пат Велес-Штип-Кочани, кај фабриката за масло, се случила сообраќајна незгода во која засега непознато лице управувајќи возило, удрило во пешак, кој починал на самото место.

Полицијата информира дека по незгодата, непознатото лице со возилото го напуштило местото на настанот. Смртта на пешакот е констатирана од доктор при Итна медицинска помош.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи -Штип.

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција и се преземаат мерки за идентификување на починатиот и пронаоѓање на возачот.