Сообраќајна едукативна кампања за децата во Гевгелија
Четирите основни училишта од општина Гевгелија со пригодни активности денеска се вклучија во реализацијата на едукативната сообраќајна кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ која се спроведува во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот, МВР и Министерството за образование и наука како партнери во кампањата.
Од општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Гевгелија потенцираа дека целта на кампањата е содржана во нејзиното мото и дека за таа цел со учениците учесници во кампањата, на оградите во школските дворови во разни форми поставиле едукативни сообраќајни пораки кои ги упатиле до возраните со цел да внимаваат на децата во сообраќајот.
Основните училишта од општина Гевгелија, денеска се само дел од 100 основни училишта од земјава кои со слични активности се вклучени во спроведувањето на оваа едукативна сообраќајна кампања.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори