Македонија
5. December 2020 - 12:55

Сообраќајка пред Сити Мол - Се судрија два автомобила, едниот превртен

Тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ пред трговскиот центар Сити Мол во Скопје.

Се судриле две возила од кои едното со марка „форд“ со охридски регистерски ознаки е превртено. Од превртениот автомобил се извадени двајца живи патници.

 На местото на несреќата пристигна брза помош и полиција.