Македонија
25. March 2017 - 18:50

Сообраќајка на патот Катланово- Велес, сообраќајот се пренасочува

Сообраќајот на патниот правец А1 Катланово – Велес после наплатна станица Сопот, 500 метри по селото Новачани е во прекин поради сообраќајна незгода, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот се пренасочува после наплатната станица Сопот по локалниот пат преку езеро „Младост”.

На самото место се екипите на ЈП „Македонија пат“ и сообраќајна полиција.

Се очекува нормализирање на сообраќајот во најкраток можен рок.