Македонија
15. December 2015 - 23:00

Сообраќајка на автопатот кај Маџари: Едно лице повредено

Сообраќајна незгода помеѓу комбе и автомобил „опел“ се случила во 16:40 минути на автопатот кај населбата Маџари.

Според првичните информации има едно повредено лице, а се работи за женско лице кое веднаш по несреќата е пренесено во болница.