Македонија
6. September 2017 - 14:31

Сообраќајка кај автопатот Неготино-Гевгелија - повредени двајца унгарски државјани

Вчера утрината на автопатот Неготино-Гевгелија, на почетокот на првиот тунел се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило со унгарски регистарски ознаки управувано од 59-годишниот Т.И.  удрило во ѕидот од тунелот. Во незгодата, возачот и сопатничката, 61-годишната Т.И. и двајцата од Унгарија се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општата болница-Велес, од каде поради сериозноста на повредите биле препратени во Ургентниот центар-Скопје.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Кавадарци во содејство со увидна екипа од полициската станица во Неготино.

Се работи на целосно расчистување на случајот.