Македонија
23. January 2018 - 16:37

СОНК најавува протести ако не се исплатат платите во општините каде нема усвоен буџет

Неколку илјади семејства на вработени во градинки, основни и средни училишта останаа без декемвриската плата поради политички недоразбирања. Локалните власти на општините Чаир, Тетово, Теарце и Гостивар се уште го немаат  усвојувено буџетот за 2018година поради превирања меѓу различните политички партии чии членови се советниците.  .

Финансиската блокада  во општините е сериозен проблем поради кој СОНК најавува Генерален штрајк  и не одржување на настава доколку поитно не се исплатат платите.

Од СОНК бараат црвста гаранција дека платите ќе се исплатат, но и дека идната плата нема да доцни како сега и да чекаат по 25 ден во месецот. Апсолутно неприфативо за синдикатот е платата наставниците да ја добиваат надвор од законски предвидениот рок, по 15 во месецот.