Македонија
9. May 2016 - 8:14

Сончево време со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне е можна изолирана појава на краткоптраен дожд со ретки грмежи.

Температурата ќе се движи од 17 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб јужен ветер.

Температурата ќе достигне до 24 степени.

До среда времето ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Во четврток, под влијание на влажен бран од Медитеранот, повторно ќе биде нестабилно со локален дожд, грмежии и засилен јужен ветер, особено во западните и северните делови.