Македонија
26. November 2020 - 8:28

Сончево со ниски утрински температури

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претежно сончево, во утринските и претпладневните часови по одделни котлини со појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 17 степени. 

Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот претежно сончево. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. По котлините во утринските и ноќните часови ќе има појава на магла. Во сабота облачноста ќе се зголемува, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.