Македонија
17. October 2018 - 8:18

Сончево со мала облачност, температура до 28 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб источен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 23 до 28 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од источен правец.  Утринската темптература ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со дневни температури над просекот за овој период од годината. В недела од север ќе се спушти постуден воздух, ветерот повремено ќе се засилува и ќе предизвика пад на дневната температура. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд.