Македонија
26. August 2017 - 8:40

Сончево со мала облачност и слаб ветер

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност поинтензивна на североистокот и со слаб претежно североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 15, а дневната од 26 до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се сушти до 11, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

До вторник ќе продолжи периодот на стабилно време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, а најтопло ќе биде во недела и понеделник, особено во централните делови. Во вторник и среда ќе настапи преодно наоблачување проследено со северен ветер, повремен пороен дожд и услови за нестабилност, а температурите повторно ќе опаднат.