Македонија
3. September 2020 - 8:25

Сончево со мала до умерена облачност

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 28 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. До сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.