Македонија
10. October 2019 - 8:30

Сончево со мала до умерена облачност

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од четири до 13 степени, а дневната температура од 21 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умрен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 25 степени.

Во петок во раните утрински и претпладневни часови ќе има услови за слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Потоа во наредните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време.