Македонија
17. April 2016 - 8:29

Сончево и топло со температури до 28 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност особено на југот и со слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а  дневната од 25 до 31 степени.

УВ индексот ќе има висока вредност, седум.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб јужен ветер.

Температурата ќе се движи од седум до 28 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно, суво топло за овој дел од годината.