Македонија
23. May 2021 - 8:19

Сончево и топло со температура до 33 степени

Времето ќе биде сончево и топло. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови ќе преовладува значително топло време. Во понеделник и вторник сончево и стабилно со мала до умерена локална облачност. Од среда во попладневните часови ќе се зголемуваат условите за појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.