Македонија
18. October 2019 - 8:05

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, особено во јужните делови на земјава.

Утринската температура ќе се движи од четири до 13, а  дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Продолжува периодот на топло време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Во петок и в сабота на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд.