Македонија
25. јуни 2022 - 8:39

Сончево и топло, попладне локална нестабилност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северозападен, а во западните делови умерен западен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 7

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 34 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 30, Битола 32, Крива Паланка и Берово 29, Кавадарци 35, Дојран 37.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.