Македонија
22. March 2017 - 8:26

Сончево и топло до 25 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, поизразен во средината на денот долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје слично време, со температура од пет до 24 степени.

До крајот на неделата ќе се задржи топло време. Преодно наоблачување ќе има во четврток со појава на повремен краткотраен дожд во попладневните часови. Максималните температури нема многу да се менуваат, а негативни утрински температури не се очекуваат. За време на викендот краткотрајно ќе дува постуден северен ветер, ќе биде посвежо и ќе преовладува зголемена облачност. Ќе има и повремени врнежи од дожд претежно во западните и северните делови од земјата.