Свет
5. December 2017 - 14:08

Сомнителен пакет предизвика времена блокада на центарот на Лондон

Неколку улици околу катедралата на „Сент Пол“ во центарот на Лондон денеска беа привремено блокирани откако полицијата добила пријава за сомнителен пакет. 

Локалната метро станица исто така беше затворена од безбедносни причини.

Полицијата на крајот утврди дека сомнителниот пакет не е опасен и дозволи нормализирање на сообраќајот.