Фудбал
5. April 2021 - 11:50

Солскјер се надева дека Рашфорд брзо ќе закрепне

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле-Гунар Солскјер проговори за повредата на напаѓачот Маркус Рашфорд, која ја доби на вчерашниот меч од Премиер лигата против Брајтон (2:1).

Средбата се одржа на „Олд Трафорд“, а Рашфорд постигна гол и беше заменет во 73. минута.

— Се надевам дека ќе може брзо да закрепне. Тој мораше да го напушти теренот пред време, но тој е тврд. Неговиот гол беше одличен. Тој играше мирно и воздржано. Маркус работеше многу на ова , истакна Солскјер.

По 30 одиграни кола во англискиот шампионат, Манчестер јунајтед го зазема 2. место во поредокот. Заостанува зад водечкиот Манчестер сити – 14 поени.

На 8 април, избраниците на Солскјер ќе играат против Гранада во четвртфиналето од Лигата на Европа.