Фудбал
16. July 2020 - 10:40

Солскјер: Не е фер што Челзи има 48 часа повеќе време да се подготви за Купот

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер во пресрет на полуфиналето на ФА Купот против Челси изрази незадоволство од натпреварувачкиот календар. Лондончаните ќе имаат 48 часа повеќе за да се подготват за средбата.

– Ми пречи што тие имаат 48 часа повеќе за да се одморат од мојот тим. Ова е неправедно, иако разговаравме за чесен распоред по продолжување на сезоната. Следните две недели ќе бидат хаотични, но ние сме добро подготвени. Момците не биле во ваква форма многу години, па верувам во успех, истакна Солскјер.

Натпреварот од 36. коло на Челзи се одржа на 14 јули, а Манчестер јунајтед ќе игра со Кристал Палас денес, 16 јули. Полуфиналето на ФА Купот е закажано за 19 јули.