Солената почва последица на поплавите - проблем за земјоделците во Струмичко

Големите количини влага и подигнувањето на подземните води како последица од минатогодишните поплави го зголемија процентот на соленост на почвите во Струмичко. Најпогодени се земјоделците од населените места Моноспитово, Муртино и Еднокуќево чии поплавени атари им создаваат проблеми со годинашната сеидба. Солите го десеткуваат развојот на растението, а со тоа и приносите. Велат дека биле принудени да уништат дел од нивното производство, а некои од површините останале незасадени.
- Ова е голем проблем. Дојдоа разни води. Со хемикалии и прашоци. Донесоа се. Земјата мирисаше на тиња. Настана голема деформација на земјиштето. Имаше екипи тука испитуваа. Апаратот покажа 2,2-2,4. Нивата ни е расипана. Моравме од почеток да направиме се. Да изораме, ставивме арско ѓубре и уште едно друго. Сето тоа влијае врз производството, вели Благој Горичев, земјоделец од Моноспитово.
Во случај на голем процент на соли во почвата, коренот на растенијата не може да ги прима потребните хранливи материи и поради тоа доаѓа до угинување на растенијата. Професорот од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Душан Спасов, вели дека причините за зголемување на процентот на соли во почвите се повеќе, но пред се се поврзани со четирите елементи магнезиум, калиум, калциум и натриум.
- Покачувањето на подземните води е една од главните причини за оваа појава. Исто така и наводнувањето со солени води може да е уште една причина. Затоа мора да се испита нивната соленост пред да се наводнува. Исто така и преголемата употреба на вештачки губрива ја зголемува соленоста на почвата, без разлика дали се гранулати или пак во кристали кај системот капка по капка, објаснува проф.Спасов.
Испирањето на солите со чиста вода е една од основните мерки при ваква појава меѓутоа неопходно е извршување на агрохемиска и физичка анализа на почвата со која се утврдува кој елемент предизвикува засолување и соодветно на тоа да се примени соодветна мерка.
- Добро е да се направи анализа и да се види кој е главниот елемент. Ако е натриум елементот кој прави леплива почва, која не добра за обработка и создава пукнатини на површината треба да се делува со гипс. Доаѓа до замена на натриумот со калциумот и доаѓа до негово отстранување на елементот кој прави проблеми на кореновиот систем, вели професор Спасов.
Агроекспертите препорачуваат ваквите површините да се засадат со тиквици, блитва и цвекло како култури кои најдобро ја поднесуваат соленоста на почвата.
Ново на Сител
-

Опожарено возило во населба Драчево, нема повредени
-

Брнабиќ: Односот на ЕУ кон Северна Македонија е крајно неправеден и го урива кредибилитетот на Унијата
-

Приведени 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола
-

Мицкоски: Македонија и Словенија ќе ја продлабочуваат политичката и економската соработка
-

Приведени три лица, а вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот
-

Д-р Гавриловска Брзанов со повик за поддршка на органодарителството
-

Г.г. Стефан на молебенот за св Кирил: Вашето дело не исчезна со вековите, вашата жртва раѓа нови плодови
