Македонија
12. October 2017 - 15:20

Соколов: Бесплатен превоз за делчевските пензионери

Кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов, се сретна со делчевските пензионери, при што најави поддршка во реализација на нивните активности и  решавање на проблемите.

Соколов на средбата најави дека ќе обезбеди субвенциониран превоз за пензионерите секоја сабота, кога е пазарен ден во Делчево. 

- Мојата идеја е да се организира бесплатна автобуска линија за пензионерите секоја сабота, кога е пазарен ден во Делчево. Тоа ќе значи пензионерите кои живеат во околните населени места и се реалтивно подалеку од градската средина да можат да доаѓаат беспатно во Делчево, а потоа и да се враќаат. Субвенцираниот автобуски превоз за пензионерите а е еден од моите проекти кои доколку ја добијам довербата од граѓаните и ќе ја реализирам. Ова е една мала помош и солидарост со пензионерите, бидејќи тие луѓе сработиле во својот работен век и време е ние како држава и како општина да им се оддолжиме на некој начин за нивната работа, рече тој.

Соколов имаше средба и со Ромите, во организација на НВО КХАМ.