Сојузот на Ромите со поддршка на коалицијата на СДСМ
Најголемата ромска политичка партија, Сојуз на Ромите од Македонија, како најмоќна ромска политичка структура дава силна и јасна поддршка на владината коалиција предводена од СДСМ. Kако нејзин сериозен партнер, ќе продолжи и понатаму да соработува и придонесува за подобрување на животот и стандардот на сите граѓани во Република Македонија.
Како дел од владиното
Покрај соработката на национално ниво, со СДСМ интезивно соработуваме и на локално ниво. На 31 октовмри, на вториот круг од гласањето за локалните избори, СРМ како партија со своето членство, ја дава целосната подршка за заедничката коалиција НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА. Мораме да напоменеме дека, сите наши партиски ограноци и партиски комитети на ниво на целата државата, активно ќе се вклучат во кампањата за локалните избори и ќе придонесеме за големата победа во сите општини и градови како и во Градот Скопје, каде коалицијата НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА, има кандидати за градоначалници во втор круг.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, ја има нашата подршка бидејќи сметаме дека ја води Владата по демократскиот и европскиот пат.
Претседател на Сојуз на Ромите од Македонија,
Габриел Бајрам
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар