Софија ќе поддржи отворање преговори со Скопје и Тирана
Бугарија ќе ја поддржи одлуката за почеток на преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, одлучи денеска бугарската Влада. Сепак, Софија постави и услови што ќе треба да бидат исполнети во текот на преговорите.
Вицепремиерката и министерката за надворешни работи Катерина Захариева по седницата на Владата изјави дека Софија е за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија во пакет, бидејќи смета оти нивното раздвојување би било грешка и може да доведе до нестабилност во регионот.
Во однос на Северна Македонија, Захариева рече дека Бугарија отсекогаш како услов за нејзина поддршка ги поставувала добрососедските односи.
– Тоа е јасно уште со Декларацијата од 1999 година, потоа со Меморандумот за поддршка на евроатлантската и евроинтеграцијата на земјата и конечно со потпишувањето на Договорот за добрососедство од страна на премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев, изјави Захариева.
Бугарија, нагласи Захариева, ќе гласа „за“ отворање преговори со Скопје и со Тирана на претстојните средби на Советот на ЕУ на 15 и на 17 октомври.
И министерот за одбрана Красимир Каракачанов по владината седница изјави дека Бугарија го поддржува членството на Северна Македонија во ЕУ, но не безусловно. Според него, од Скопје зависи колку време ќе трае пристапувањето во Унијата.
Историјата не може да биде компромис, рече Каракачанов, додавајќи оти решавањето на отворените историски прашања е еден од бугарските услови.
– Сите институции во Бугарија сметаат дека треба да и се даде можност на Северна Македонија, но тоа никако не може да биде безусловно. Бугарија сега нема да ја сопре Северна Македонија да ги почне преговорите, но пред да почнат суштинските преговори ќе мора да бидат исполнети и неколку услови, а еден од нив да се заокружи работата на Меѓувладината комисија за историски прашања, изјави Каракачанов.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните