Живот
14. November 2015 - 13:03

Софија е најпопуларно име за девојчиња во светот

Едно женско име е пред сите други кога зборуваме за светската популарност, а до тој заклучок дошла Лаура Ватенберг, американски експерт за имиња.

Најпопуларно име за девојче во светот е Софија. Меѓу земјите во кои најмногу Софии се Мексико, Италија, Русија и САД.

Лаура Ватенберг, експерт за имиња која ја спровела анализата, вели дека името Софија ги надминува културите и границите.

„Интересно е што на толку различни јазици и во толку различни култури едно име звучи еднакво. Тоа сигурно зборува нешто за начинот на кој културата се пренесува денес‟, рече Лаура Ватенберг за Live Science. Софија е меѓу првите 25 имиња во две третини земји кои водат статистика за зачестеноста на давање на одредени имиња на децата, повеќето во Европа и во Америка, но пред една генерација, ова име не било популарно. Неговата моментална голема популарност Ватенберг ја објаснува со фактот дека името лесно се изговара на разни јазици и дека значи „мудрост‟.

„Потешко е да се објасни зошто не било посакувано име и во претходната генерација‟, вели експертот. За разлика од Софија која го освојува светот, имињата инспирирани од религијата како Марија и Ивана се се поретки.

„Родителите на децата даваат повеќе уникатни имиња за кои воедно сметаат дека звучат помодерно‟, вели Ватенберг и додава дека на „кралицата‟ на женските имиња наскоро може да и паѓа популарноста, токму поради тоа што има многу имиња Софија.