Сочувство од Димитирев до британската премиерка по нападот во Лондон
Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев, по терористичкиот напад во Лондон, испрати писмо со сочувство до премиерката на Обединетото Кралство Тереза Меј.
- Со огорченост, вознемиреност и тага ја примив информацијата за грозоморниот терористички чин во Лондон. Од името на македонските граѓани и македонската Влада ве молам примете ги изразите на длабоко сочувство и пренесете ги на семејствата на жртвите, се вели во писмото на Димитриев.
Терористичките закани, како што се наведува, не смеат и нема да го променат слободниот начин на живот и вредностите во кои верува демократскиот свет.
Република Македонија стои заедно со целокупната светска заедница во борбата против терористичките закани кои ќе бидат победени со соработка и координирани и заеднички активности, стои во писмото на Димитриев.
Ново на Сител
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата
-
Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените
-
Намалени водостоите на езерата
-
Вина „Монтеко“ – Ризница од вкусови со уникатен печат
-
Тешка сообраќајка кај Железничка, со автомобил завршил на бетонските жардињери | ФОТО
-
50 годишна професорка нападната од колега во Виница