Македонија
5. September 2019 - 16:47

Собраниската комисија едногласно предложи разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева

Како што ја избраа така и ја разрешија, едногласно и  без дискусија. Зад затворени врати, со класифицирани материјали, Комисијата за избори и именувања му предложи на Собранието да донесе одлука за разрешување на Специјалната обвинителка Катица Јанева поради нестручност и несовесност во работењето.

Од власта велат дека не жалат што му дале поддршка на СЈО, но разочарани се од постапките на Јанева

По одлуката на комисијата за избори и именувања на потег е Талат Џафери кој треба да закаже седница на која Собранието со двотретинско мнозинство треба да ја разреши Јанева. Потоа постапката се сели во Советот на јавни обвинители кој треба конечно да стави крај на кариерата на Јанева во СЈО.

И од власта и од опозицијата велат дека очекуваат сите 120 пратеници да го поддржат разрешувањето на Јанева на седницата која најверојатно ќе биде закажана за средината на идната недела.