Бизнис
21. November 2015 - 17:56

Собранието во предвидениот рок го изгласа Буџетот за 2016-та ,,тежок‘‘ 3,2 милијарди евра

Со 66 гласа ЗА  и 28 против Собранието  пред полноќ, во законскиот рок  го изгласа буџетот за 2016 та година.

Ќе изнесува 3,2 милијарди евра, додека од приходи планирано е да се соберат 2,9 милијарди евра. За власта  буџетот за наредната година е реален и  развоен. 

Во него се предвидени  до сега најмногу пари за капитални инвестиции, со што  ќе му се помогне  на стопанството, како  и  повисоки плати, пензии и  социјална помош за да се заштити стандардот на граѓаните.

Опозицијата пак  гласаше против затоа што сметаат дека вака проектираниот буџет ќе го зголеми долгот и ќе ги осиромаши граѓаните.

Буџетскиот дефицит се планира да изнесува 3,2%, растот на економијата 4 отсо, а инфлацијата 2%.