Македонија
23. July 2016 - 16:43

Собранието со 92 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“ ги изгласа измените на изборниот законик

Пратениците ја надмина првата пречка во реализација на договорот од 20 јули. Со 93 гласа за, 3 против и еден воздржан претставниците во законодавниот дом ги изгласаа измените во изборниот законик. Со нив на Државната изборна комисија и се дава можност по активната регистрација на 39.502 гласачи да ги отстрани од избирачкиот список сите оние кои не се пријавиле.

Во посебен член е наведено дека 171.500 лица се сметаат за граѓани кои се на привремена работа или привремен престој во странство и тие  се запишуваат во посебен извод на избирачкиот список. Се предвидува новата влада, која треба да ги спроведе изборите согласно договорот од Пржино, да биде изгласана во Собранието 100 дена пред денот на изборите.

За независните пратеници измените се само козметички.

Иако законот ја доби поддршката од пратениците на ДУИ, нивниот сопартиец Рафиз Алити гласаше против

Седницата која заврши неколку минути после полноќ ги врати во собранисктие клупи и пратениците на СДСМ кои ја бојкотираа работата на законодавниот дом барајќи Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното обвинителство.

Сега државната изборна комисија треба да го објави списокот на спорните 39502 избирачи кои ќе имаат рок од 25 дена сами да се пријават за гласање.