Македонија
28. јуни 2016 - 12:44

Собранието расправа за основање нов универзитет „Дамјан Груев“

Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи 107. седница со дебата за Предлог законот за основање Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, по скратена постапка.

На дневен ред се и предлог законите за изменување на законите за високото образование, за основање на Универзитет во Тетово, за вработувањето и осигурување  во случај на невработеност, сите по скратена постапка.

Пратениците треба да расправаат и за Предлог законот за дополнување на Законот за јавните набавки, по скратена постапка, и за предложените измени и дополнувања на законите за земјоделство и рурален развој, за полиција, за внатрешни работи, за пензиското и инвалидското осигурување, за здравственото осигурување и за минерални суровини, по скратена постапка.