Македонија
13. July 2017 - 16:24

Собранието продолжи со расправа по предлогот за разрешување на обвинителот Зврлевски

Собранието и денеска ја продолжи расправата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Пратеничката група на СДСМ бара пратниците да се откажат од дебата со цел час поскоро да почнат реформите во правосудниот систем.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска обвинуваат за партиски реваншизам и бараат парламентарното мнозинство да ги поддржи измените на законот за јавно обвинителство предложени од нивна страна.