Македонија
18. November 2017 - 13:04

Собранието одлучува за прераспределба на 1,647 милијарди денари помеѓу буџетски корисници

Со прераспределба на 1.647.100.000 денари помеѓу буџетски корисници треба да се обезбедат средства за исплата на достасани обврски за сметка на проекти кај кои е забележано позабавено темпо на реализација.

Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, што синоќа ја усвои Владата, денеска ја разгледува Собранието во рамки на 20. седница. 

По констатирањето на дневниот ред претседателот на Собранието Талат Џафери ги задолжи Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело и Законодавно-правната комисија да ја разгледаат  Предлог одлуката. Седницата, како што најави, се очекува да продолжи во 12:15 часот. 

Со Предлог-одлуката, во Разделот 06001- Министерство за внатрешни работи, потпрограма 2А-Реформи во полиција, ставката 480 – Купување на опрема и машини се зголемува за  124.657.000 денари.

Кај законодавниот дом во потпрограма Контакти со граѓани, се намалуваат ставките „договорни услуги“ за 1.500.000 денари и „други тековни расходи“ за 500.000 денари. 

Предвидени се намалувања од 10 милиони денари кај ставката за привремемени вработувања кај разделот Влада, кај која се намалува и ставката за трансфери до невладини организации за 12 милиони денари. 

Во разделот на Владата со потпрограмата за унапредување на деловните активности,  се намалува за пет милиони денари стаквата договорни услуги, другите тековни расходи се намалуваат за два милиона денара, а во потпрограмата „поддршка на домашни гринфилд инвестиции“ има намалување на ставката „разни трансфери“ за 50.000.000 денари...

Има намалување и на финансиите на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ, на Државно правобранителство на Република Македонија. Ставката материјали и ситен инвентар на Министерството за одбрана во потпрограма 22 – Логистика во АРМ се намалува за 20.000.000 денари, поправки и тековно одржување за 10.000.000 денари. Во потпрограма 2А – Опремување и модернизација во АРМ, ставката 480 – Купување на опрема и машини се намалува за 87.000.000 денари, а исто така и во потпрограма ВА – Интеграција во НАТО, ставката 480 – Купување на опрема и машини се намалува за 80.000.000 денари......

За 1,5 милиони денари се предлага да се намали стаквата за патни и дневни расходи на Агенцијата за странски инвестиции, а кај Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во потпрограмата „Промоција и поддршка на туризмот“ има намалување на субвенциите за приватни претпријатија за 10 милиони денари.

Кај Министерство за труд и социјална политика, во потпрограмата Минимална плата, ставката „Разни трансфери“ се намалува за 230 милиони денари. Намалување од 100 милиони денари има кај ставката за „други градежни работи“ на Агенција за млади и спорт, во потпрограмата  - Спортски објекти.