Собранието ќе расправа за законот за стечајци
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 12. седница на која треба да расправа за Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.
Законот е поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство, а со него се очекува да се реши статусот на стечајците кои не беа опфатени со претходниот закон.
На дневен ред на оваа седница се и предлог-измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесен од група пратеници.
Во рамки на 12. седница се и Предлог законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување и Предлог законот за издавање вредносни бонови - ваучери, поднесени од опозицијата.
По завршување на оваа седница, пратениците треба да ја продолжат 15. седница на чиј дневен ред се Предлог на закон за употреба на јазиците, предлог-измените на Законот за употреба на македонскиот јазик, Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија и Предлог на закон за издавање на вредносни бонови – ваучери, сите во I читање.
Пратениците ќе расправаат и за работата на министрите за финансии Драган Тевдовски, за култура Роберт Алаѓозовски и за животна средина и просторно планирање Садула Дураку.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците