Собранието ќе ја продолжи 50. седница
Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 50. седница на која треба да продолжи расправата по Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.
На дневен ред на седницата се и измените и дополнувањата на законите за минерални суровини, за Државен пазарен инспекторат, за јавни претпријатија, за земјоделство и рурален развој.
Пратениците ќе расправаат и по годишниот извештај за работењето на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2020 година, за финансиските извештаи на оваа Агенција, за Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2020 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2020 година и финансиските извештаи на оваа Агенција, како и, како што се наведува Годишниот извештај за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во Македонија во 2020 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна