Македонија
11. August 2017 - 16:41

Собранието ја продолжи општата расправа по предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски

Кој го блокира Собранието и кој ќе биде одговорен за нов можен инцидент? Власта и опозицијата излегоа со меѓусебни обвинувања дека парламентот е пред нова криза и дека се подготвува нов инцидент во собраниската сала на седницата на која се расправа за разрешување на јавниот обвинител. Ваквите обвинувања стигнаа откако и денеска продолжи тензичната и нервозна атмосфера во Собранието од пред два дена.

Меѓусебни довикувања и изјави во висок тон  разменети меѓу власта и опозицијата, но и само еден поминат говорник од 30-мината што чекаат да дојдат на ред за говор.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму инсистира седницата да се прекине бидејќи по распишување на избори не е дозволено именување и разрешување на функцинери.  Токму затоа по неколку „лекции“ деловничките правила  си разменија и Димовски и Џафери.

Димовски забележа дека во Собрание на работа не дошле ни 20 пратеници од владејачкото мнозинство и дека ако во овој момент треба да има гласање нема да може да се донесе одлуката за разрешување Зврлевски на која СДСМ инсистира.

Атмосферата најмногу ја вжешти репликата на пратеникот на СДСМ Павле Богоевски, како и неговите дофрлања од место дека не гори Макеоднија, туку на ВМРО-ДПМНЕ им гори под нозе и ќе завршат во затвор.

Димовски вели дека  се обидел преку неформални разговори со Џафери се обидува да ја смири ситацијата. Вели дека не го блокираат Собрнаието бидејќи биле поконсктруктивни во зкаонските инцијативи дури и од владата. За разлика од тоа, вели Димовски, владејачкото мнозинство се однесува како Собранието да е само на 61 пратеник.

Шилегов уверува дека јавниот обвинител ќе биде разрешен на седницата која веќе има осум продолженија и трае повеќе од еден месец.