Македонија
25. January 2021 - 19:10

Собранието ја изгласа одлуката за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието вечерва ја усвои одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, за која „за“ гласаа 61 пратеник, без гласови против и воздражни.

Општата пленарна расправа беше завршена пред десетина дена и ова беше единствена преостаната точка од 31-та седница на Парламентот, а листата на кандидати за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беше утврдеа на седница на Комисија за прашања на изборите и именувањата на 5 јануари.

За членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беа предложени Игор Јадровски, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Неда Чаловска-Димовска, дипломиран правник од Скопје, Лимко Бејзароски, политиколог и доктор по историски науки од Пласница, Ирфан Деари, лекар специјалист од Боговиње, кои се со мандат од пет години, додека Кире Василев, политиколог од Битола, Исмаил Камбери, магистер по правни науки, и Весна Бендевска, психолог од Битола, беа предложени за мандат од три години.