Македонија
2. јуни 2016 - 21:00

Собранието го разгледа извештајот на Народниот правобранител за 2015 година

Собранието на Република Македонија во рамки на третото продолжение на 103. седница го разгледа  Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедување, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2015 година.
 
Годишниот извештај пред пратениците го образложи во претпладневниот дел од работата народниот правобранител Иџет Мемети. Во расправата мнозинството забележа дека извштајот не дава конкретна и јасна слика на реалноста и оти е направено генерализирање на пробелмите. За опозицијата тој е благ во однос на реалните состојби и оти се детектирани проблемите.
 
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ посочи во извештајот е неприфатливо генерализирањето на проблемите. - Извештајот, според него, не дава конкретна и јасна слика за состојбите. Тој во целост ги отфрли наводите за мигрантската криза и рече дека народниот правобранител треба да ги повлече. 
 
Димовски посочи дека можеби треба да размисли Собранието за можностите за измена на целокупното законодавство поврзано со функционирањето на институцијата Народен правобранител и начинот како тој одговара за својата работа.  
 
И неговиот сопартиец Иван Иванов посочи дека можеби е време да се размисли за воведување нова методологија за овие извештаи со цел да ја отсликуваат реалната состојба и побара да има пореален и пообјективен извештај. Тој посочи дека во одредени области се утврдени состојбите врз основа на мал број претставки. - Врз основа на 79 претставнки во здравствената заштита е констатирано дека граѓаните не се задоволни од начинот на лекување и се сомневаат во квалитетот на услугите, рече тој.  
 
Благоја Деспотовски даде поддршка на работата на оваа институција и истакна дека во годинашниот извештај народниот правобранител лесно донел тешки заклучоци. 
 
Тој порача дека народниот правобранител мора да работи во насока на почитување и унапредување на човековите права. 
 
- Има доста работи што се во ваша надлежност и треба да ги преземете. Но тоа се конкретни случаи и конретни службеници кои не постапиле како што треба. Вие треба да ги заштитите правата на сите чесни граѓани кои имале проблем со полицијата, рече Деспотовски.
 
Даниела Рангелова истакна дека народниот правобранител треба да ги гледа работите објективно, не субјективно. - Треба да биде една независна институција која ќе се грижи за човековите права на граѓаните на РМ, рече Рангелова и забележа дека во извештајот не е посветено внимание на Специјалното јавно обвинителство. 
 
Крсте Мукоски забележа зошто не народниот правобранител не го нотира загрозувањето на приватноста со објавување на снимките, како и протестите.
 
Томислам Тунтев од СДСМ го оцени извештајот како многу благ во однос на состојбите и порача на народниот правобранител  дека треба да се бори за заштита на човековите права и слободи. 
 
Горан Милевски од ЛДП потенцира дека точно се детектирани проблемите во Македонија и праша дали е ова извештај за држава која е членка за ЕУ. 
 
Нора Алити од ДУИ наведе дека извештајот реално ја претставува состобјата и додаде дека наместо да се негираат фактите во него, извештајот да се искористи да се бара отчет од државните институции кои ги немаат испочитувано законските обврски во однос на човековите права и слободи. 
 
Народнито правобранител Иџет Мемети потенцира дека изнесените податоци во извештајот се јасни и чисти дека народниот правобранител ги штити граѓаните од инститиуциите и оти работи по стандарди и оти не може да се смени моделот. 
 
Според извештајот Народниот правобрнаител минатата година имал најмногу претставки досега.  Постапил по 5.336 случаи, а биле извршени над 8.000 разговори со граѓани на Македонија и странци за различни проблеми со кои се соочиле и им е даден правен совет. 
 
Според Мемети во 2015 година имале повеќе повреди на човекови права по кои реагирале но и помалку прифатени интервенции од претходната година.
 
Во рамки на попладневната работа Собранието без расправа по скратена постапка ги донесе измените и дополнувањата на Законот за полиција. 
 
Ново продолжение на седницата претседателот на Собранието Трајко Вељаноски закажа за понделник во 12 часот.скс/20:53