Собранието едногласно ја донесе Декларацијата за членство во НАТО
Со 76 гласа „за“, без воздржани и против Собранието на денешното продолжение на 53.седница ја донесе Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО.
Пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец рече дека влезот во НАТО директно носи безбедност и стабилност, но сепак, како што посочи, најголемите индиректни влијанија што ги носи членството не се воени, туку економски бенефиции.
- Искуствата на земјите од ЈИЕ поврзани со членството во НАТО покажуваат дека кога некоја држава ќе се приклучи на Сојузот не може, а да не се споменат дополнителните ефекти што се одразува во државата, а се од економска природа поврзани со раздвижување на бизнисот и со зголемување на вложувањата од страна на странски инвеститори, рече Локвенец.
Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека неговата партија ќе ја поддржи Декларацијата и ќе даде силен придонес на патот на РМ за полноправно членство во НАТО алијансата.
- Навистина е придобивка да се биде член на овој сојуз, но истовремено е сериозна одговорност. Членството во НАТО не значи дека веднаш од исток и од југ, од запад и од север ќе се отворатславините и во Република Македонија ќе тече мед и млеко, рече Данев.
Членството во НАТО, како што посочи, значи многу работа и обврски за сите граѓани во Македонија, владеење на правото, независно судство, развиен образовен и здравствен систем...
Тој рече дека факт е оти ВМРО-ДПМНЕ беше онаа политичка опција која во 1990 година се формираше врз три постулата за независна Македонија, влез на РМ во европската заедница и влез на РМ во НАТО.
Седницата ќе продолжи по паузата што ја даде претседателот на Парламентот Талат Џафери бидејќи дел од пратениците учествуваат во работа на собраниските комисии.
Ново на Сител
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка