Собранието донесе повеќе закони по скратена постапка
Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од работата по дневниот ред на 99. седница донесе неколку закони по скратена постапка, кои беа доставени од Владата.
Без расправа пратениците ги прифатија предлог законите за изменување и дополнување на Законот за спортот, на Законот за договорен залог, на Законот за катастар на недвижности, на Законот за трговските друштва, на Законот за Геолошкиот завод на Република Македонија, и на Законот за консолидација на земјоделско земјиште, сите по скратена постапка.
Без расправа беше донесен и предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноси рече дека останатите шест точки на дневниот ред ќе се разгледаат откако ќе се создадат деловнички можности за тоа.
За утре најави одржување на две седници. Пратениците прво ќе работат по дневниот ред на 97. седница, а потоа ќе продолжат со 99-тата седница.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК