Македонија
18. September 2020 - 13:09

Собранието бара информации од Владата за бугарскиот меморандум

Пратеникот Антонио Милошоски бара од македонското МНР да испрати информација до парламентот за меморандумот кој пред два дена Бугарија го испрати до државите члнеки на ЕУ, за дополнителни услови во преговарачката рамка на Македонија во делот на јазикот и идентитетот. Милошоски барањето го испратил откако вчера како претседател на Комисијата за надворешни работи најави дека планира да свика комисиска расправа за антимакедонскиот документ.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ како што објави на Фејсбук бара од министерот Османи „Информација за Меморандумот кој го засега јазичниот, националниот и културниот идентитет на македонскиот народ, а истовремено може да има и негативни импликации кон долгоочекуваниот почеток на преговорите со Европската Унија“

Милошоски  бара Османи да учествува и на комисисиката расправа. Пртанеикот вчера побара и Собранието да донесе контра резолуција на софиската која беше донесена од бугараскиот парламент.

Шефот на дипломатијата Османи вчера не сакаше да го коментира документот бидејки министерството за надворешни работи се уште не го добило, но рече дека не е време за негативна реторика.