Македонија
5. August 2016 - 8:27

Собирање кабаст отпад во Општина Гази Баба

Општина Гази Баба и ЈП Комунална хигиена денеска и утре организираат акција за собирање кабаст отпад: мебел, опрема од купатила, бела техника, електронски апарати,... за граѓаните од урбаниот дел на територија на општината.

Службите на комунална хигиена отпадот ќе го собираат од пред нивните домови.

Акцијата ќе биде спроведена од 7 до 11 часот, во текот на двата дена.

Денеска ќе бидат опфатени Автокоманда, Железара и Ќерамидница, а утре Маџари, Триангла, Хиподром и Ченто.