СОБ: Новото раководство е избрано на легитимен начин
Расположениоето на членовите на Синдикатот за одбрана и безбедност (СОБ) и неодговорното раководење на стариот претседател Ристо Ајтов биле причините за смена на раководството во СОБ, информираше денеска на прес-конференција новиот преседател Оливер Стојановски по повод последните обвинувања за нивната нелегитимност.
Според него, до смена дошло откако Ајтов пробал минатата година на незаконски начин да свика конгрес на синдикатот на кој сегашното раководство не било повикано, а за да го спречат тоа тие се обратиле до Министерството за труд и социјална политика со барање за привремено суспендирање на СОБ.
- Тогаш ние го формиравме иницијативниот одбор за спас на синдикатот, со цел за да ја спречиме приватизацијата на синдикатот бидејќи нашиот синдикат буквално функционираше како приватен синдикат на Ристо Ајтов. Тоа мораше да се спречи и повеќе неможеше да се толерира, рече Стојановски.
Информира дека потоа тие го оддржале вториот статутарен конгрес на кој донеле соодветни одлуки, а потоа доставиле документ до Министерството за труд и социјална политика (МТСП) за да ги отпочнат процедурите за законска смена на раководството на СОБ. Од неодамна тие добиле решение од МТСП дека се уважуваат одлуките од конгресот и дека во Централниот регистар тој е заведен како претседател на СОБ.
Од неодамна, според него, дознале дека од Министертвото ја поништиле одлуката за нов синдикален лидер, на што тие поднеле жалба.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк