-->
-->
Со распадот на Југославија најмногу загуби кошарката
-->

Во Сплит денеска се промовираше книгата „Првопластика“, која беше искористена за одбележување на 20-годишнината од првиот европски трофеј на Југопластика со победата над Барселона во 1989 година.
Гости на прославата беа славниот член на генерацијата Дино Раѓа, но и српскиот тренер Божидар Маљковиќ, кој со три клуба ја освои Евролигата (Југопластика, Лимож и Панатинаикос).
„Тогаш губевме малку натпревари, а еден од нив беше во февруари таа година од Барселона. Направив грешка и ги однесов кошаркарите да ги видат трофеите на Барселона и тоа премногу ги импресионираше. Тогаш кошарката беше поинаква. Да имаше состаноци меѓу првите луѓе на тие клубови, Босна, Цибона, Партизан, Звезда, Скопје, Чачак, Љубљана, сигурно немаше да има војна. Се работеше за врвни луѓе кои водеа врвни клубови и имаа влијание на еден министер“, изјави Маљковиќ.
И Раѓа беше носталгично расположен.
„Имавме прав тим околу себе, не само Божо, туку и другите тренери. Никој не мислеше на парите и следните договори туку само сакаше да игра кошарка. Тоа им фали на сегашниве деца, да играат баскет. Кога тој ентузијазам го пренесовме на терен, тогаш немавме респект за никого. Барселона беше чудо од тим, но влеговме без страв“, вели Раѓа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови
-

Октомври бил постуден и со повеќе врнежи од вообичаеното
-

Орбан: Унгарија нема да го спроведе миграцискиот пакт на ЕУ, нема да прифаќа мигранти
-

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров
-

Словенија: Илегалниот отпад е бизнис вреден милиони евра, полицијата формира посебен оддел за еколошки криминал
-

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита
-

Тројца загинати и 55 спасени мигранти во близина на грчкиот остров Гавдос
-

Конференција „Западен Балкан 2030“: Дигитализацијата е клучот за соработка во регионот и за нејзината одржливост
