Македонија
18. October 2019 - 18:54

Со полициска асистенција урната уште една диво поставена платформа на кафетерија долж езерото

Охрид продолжува со уривање на дивоградбите. Утрово со полициска асистенција започна да се отстранува дивопоставената платформа на една кафетерија долж езерото.Со оглед на тоа дека извесен период објектот е затворен акцијата била спроведена по воден пат.

Поголем дел од сопствениците на угостителски објекти во стариот дел од градот самостојно ги отстранија платформите, но има и такви кај кои надлежите интервенираа за да се заштити езерото што е една од препораките Охрид да не се најде на листата на загрозени подрачја.

Градоначалникот Георгиески во повеќе наврати потенцира дека акцијата за уривање ќе ги опфати сите оние кои имааат добиено решение за отстранување на бесправно изгредените обејкти.

Акцијата за уривање започна со бесправно изградена индивидуална куќа на улица „Марко Нестороски ,потоа продолжи кај угостителските објекти долж езерото и еден хотел во близина на населбата Далјан.

Од локалната самоуправа информираат дека уривањето на дивоградвбите ќе продолжи без отстапки, согласно планот за постапување по препораките од последниот состанок на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.