Бизнис
12. November 2018 - 19:47

Со пари од ЕУ и УНДП ќе се заштитува Дојранското езеро и ќе се подобрува туризмот

Со фонд од 400 000 долари Дојран ќе ја подобрува заштитата  на езерото и унапредува одржливиот туризам.  Се работи за проект кој е финансиран преку програмата на УНДП и ЕУ „Заштита на природата за одржлива заедница“.

Целата е преку поддршка за заштита на природната и културната средина и благосостојбата на заедниците да се зајакне еколошката рамнотежа. Освен подигањето на свеста кај локалното население,  но и кај туристите за заштита и управување со екосистемот  преку овој проект ќе се врати  и заштитниот знак на градот мандрите и Дојранските колиби.

,, Имаме повеќе активности меѓу кои и изработка на Дојранските колиби препознатливи на далеку,  со Дојрански мандри кои што би биле туристичка атракција за туристите. Имаме набљудувачници за птици бидејќи докажано е и во истражувањата дека Дојран има доста голем број птици кои што би биле уште една дополнителна активност за туристите. Имаме дел од финансиската помош која што изнесува околу 400 000 долари би се намениле и за реконструкција на пешачката патека, на деловите кои беа поплавувани и рушени од страна на водата по надоаѓањето на самата вода, вели Анго Ангов, градоначалник на Општина Дојран.

Во рамките на проектот кој ќе трае 18 месеци меѓу другото планирана е реконструкција на првата подружница на природно научниот музеј, обезбедување поддршка на концесионерот на езерото, развој  и промоција на одржлив туризам како и негување на граѓанскиот активизам во промоција на природното наследство.