Бизнис
26. February 2016 - 22:35

Со новите авиолинии од охридскиот аеродром Свети Апостол Павле до значителен развој на туризмот

Со Воспоставувањето на новите авиолинии од охридскиот аеродром Свети Апостол Павле до значителен развој на туризмот. Покрај најавите за влез на еден од најголемите тур оператори белгискиот Томас Кук ,се очекува од ова лето да стартува и линијата Охрид -Белград а новина се и најавените чартер летови од Израел кои заедно со традиционалните летови ќе придонесат за поголем прилив на туристи во Охрид.

Градоначалникот Бакрачески потенцира дека се прават напори за воспоставување на авиолинии и до некоја од дестинациите во северна Италија или северна Германија.

Според туристичките работници најбројни на охридската ривиера ова лето ќе бидат туристи од Холандија, Белгија, Турција, Германија, Израел, Бугарија, Србија и од Далечно-источните земји .