Со македонско знаме на ковчегот и „Зошто си ме мајко родила“ Аки Рахимовски испратен до вечното почивалиште | ВИДЕО
Со македонско знаме на ковчегот и македонската песна „Зошто си ме мајко родила“ фронтменот на Парни ваљак, Аки Рахимовски денеска е испратен до вечното почивалиште во Загреб.
Легендарниот Аки Рахимовски почина во саботата на 22 јануари 2022 година во Ново Место, Словенија. Причината за неговата смрт се уште не е потврдена, но Рахимовски имаше проблеми со срцето поради што му се вградени шест стентови.
Роден е во Ниш во 1955 година, но пораснал во Скопје, каде што неговото семејство се преселило кога бил мал. Тука почнал да го стекнува своето музичко образование, учејќи клавир и пеење.
Бил член на неколку групи, пред да го запознае гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ, со кого во 1975 година ја основал групата „Парни ваљак“, која низ годините ќе стане една од најпопуларните во поранешна Југославија, а Рахимовски еден од најдобрите фронтмени.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација