Македонија
18. July 2019 - 16:23

Со колкава оштета се соочува градот Скопје за депонијата Дрисла?

Колку пари отштета би платил Град Скопје доколку претходниот концесионер на Дрисла, ФЦЛ Амбиенте го добие активниот судски спор за поништување на последната одлука за избор на најповолен понудувач. Доколку судот одлучи дека тужбата е основана, тогаш на италијанскиот конзорциум би му се овозможило да го врати стстусот на концесионер на депонијата.

Ова прашање вчера го отворија и советниците на ВМРО ДПМНЕ.

Градоначалникот Шилегов останува на ставот дека тужбата станува безпредметна по вчерашната одлука на Советот за поништување  на постапката, бидејќи ниту еден од учесниците на тендерот веќе нема право на управен спор. Вели дека враќањето на Дрисла во системот на Градот продолжува со формирање на упавен одбор идниот месец.   

Правниот застапник на италијанскиот концесионер вели дека најпрво ќе биде побарана времена мерка за стопирање на одлуката за формирање на ЈП, а идните чекори ќе бидат договорени по состанокот со менаџментот на компанијата.